Свет Европа Столтенберг: Ситуацијата во Источна Украина сè уште е ризична

Столтенберг: Ситуацијата во Источна Украина сè уште е ризична

Постои мало подобрување на ситуацијата на истокот на Украина, но и понатаму постојат ризици, оцени генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германскиот весник „Велт“.

Според Столтенберг, на територијата на Источна Украина сè уште се забележуваат руски војници кои ги поддржуваат сепаратистите, но оти е намален бројот на инциденти во реонот на Донбас.