Свет Балкан Столтенберг: Сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу...

Столтенберг: Сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу Белград и Приштина

Тој повтори дека НАТО ги поддржува напорите за изнаоѓање мирно решение преку мисијата КФОР и посочи дека речиси 4.000 војници на НАТО на Косово се клучни за овозможување и поддршка на политичкиот процес

Генералниот секретар Јенс Столтенберг; Извор на фотографија: НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави договорот за нормализација на односите од Охрид и ги повика Белград и Приштина брзо и целосно да го спроведат.

„Го поздравувам договорот и сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу Белград и Приштина. И, се разбира, ние силно го поддржуваме дијалогот со посредство на ЕУ. Сојузниците во НАТО и НАТО даваат политичка поддршка. Бевме во близок контакт со ЕУ, но и со Приштина и Белград“, рече Столтенберг запрашан за коментар за Охридскиот договор при презентацијата на Годишниот извештај за 2022 година.

Тој повтори дека НАТО ги поддржува напорите за изнаоѓање мирно решение преку мисијата на КФОР и посочи дека речиси 4.000 војници на НАТО на Косово се клучни за овозможување и поддршка на политичкиот процес.