Свет Столтенберг ги осуди нуклеарната проба и заканувачката реторика на Пјонгјанг

Столтенберг ги осуди нуклеарната проба и заканувачката реторика на Пјонгјанг

Јанс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во изјава за нуклеарната проба на Северна Кореја вели дека ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност, како и дека ги нарушува резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

– Го осудувам продолжувањето на разработувањето нуклеарно оружје и балистички ракетни програми на Северна Кореја, како и заканувачката реторика на Пјонгјанг. Ја повикувам Северна Кореја да ги почитува целосно своите меѓународни задолженија – изјави Столтенберг.

Според него, Северна Кореја целосно треба да се откаже од атомското оружје и од своите ракетни програми.