Македонија Столтенберг: Да се избегне ескалација на кризата во Македонија

Столтенберг: Да се избегне ескалација на кризата во Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на заседанието на министрите за надворешни работи и за одбрана на алијансата во Брисел, се задржа и на настаните во Македонија.

– Верувам дека мирните демонстрации се дел од демократското општество. Најважно е да се избегне ново насилство, да се направи сè за да се осигури развој на демократските институции и во целост да се примени владеењето на правото. Мораме да избегнеме ескалација на кризата и на судирите во Македонија – рече Столтенберг.