Македонија Столтенберг: Азилот на Груевски не е прашање на НАТО, треба да го...

Столтенберг: Азилот на Груевски не е прашање на НАТО, треба да го дискутираат двете држави

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека азилот на Никола Груевски не е прашање за НАТО, туку нешто што треба да го решат Скопје и Будимпешта.

– Не сум јас тој што треба да го коментирам ова. Тоа е прашање што треба да се дискутира меѓу Скопје и Будимпешта, изјави Столтенберг на прес конференција пред министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан, на кој учествува и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Столтенберг уште еднаш го повтори својот став дека Алијансата е подготвена да го потпише пристапниот протокол со Македонија штом биде имплементиран Договорот од Преспа и дека државата треба да ја искористи оваа можност.