Свет Европа Столтенберг апелира сојузниците да не ја ограничуваат Украина да употребува оружје врз...

Столтенберг апелира сојузниците да не ја ограничуваат Украина да употребува оружје врз воени цели во Русија

Русија води агресивна војна и Украина има право да се брани, смета Столтенберг

Фото: Исечок од видеопреносот на Собранискиот канал

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју дадено за „Економист“, апелираше сојузниците да ги укинат ограничувањата за Украина да употребува оружје за да напаѓа воени цели во Русија.

„Мислам дека дојде време сојузниците да размислат дали да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина“, рече Столтенберг во вчерашното интервју.

Тој ги спомна борбите во регионот Харков и посочи дека лишувањето на Украина од можноста да го користи оружје против легитимни воени цели на руска територија во голема мера ја комплицира нејзината одбрана.

„Русија води агресивна војна и Украина има право да се брани. И тоа вклучува удари врз цели на руска територија. Некои сојузници веќе ги укинаа таквите ограничувања и време е другите сојузници да размислат за тоа. Самоодбраната е вградена во Повелбата на ООН, а ние и помагаме на Украина да го одбрани ова право“, рече Столтенберг.