Македонија Стојчев: Вработувавме луѓе што ги исполнуваат условите на конкурсот

Стојчев: Вработувавме луѓе што ги исполнуваат условите на конкурсот

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Сашо Стојчев, ги потврдува случувањата од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, за кои вели дека се случиле во ноември 2011 година, но вели дека не може да ја потврди автентичноста на разговорите бидејќи не учествувал во нив, пишува „Нова ТВ“.

– Јас не можам да ја коментирам автентичноста на разговорите бидејќи не сум учевствувал во нив, но случувањата за кои зборувате се одвиваа во ноември 2011 година. Во тој период ми требаа петмина инженери и јас лично бев на разговор кај премиерот Груевски кој ми рече „Ако ги имате, примете ги “ – вели Стојчев.
Тој не го коментирал разговорот на министерката Јанкулоска со нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, во кој таа вели „Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки…. Си прима кого сака и, нормално, вика дека има дозвола од премерот… Тој е тешко ѓубре“.

– Нема да го коментирам разговорот на министерката. Ние примавме луѓе што ги исполнуваат условите за работа – рече Стојчев.