Дописници Сто евра казна и гратис прислушување

Сто евра казна и гратис прислушување

Актуелните настани, по сè изгледа, биле инспирација за духовитите кочанци, кои вчера на непрописно паркираните автомобили закачиле пораки со содржина: „Казна од сто евра за непрописно паркирање, плус објава на „Фејсбук“, плус гратис прислушување“.

Пораката е напишана на обичен лист хартија и е поставена на ветробранското стакло на повеќе автомобили до Трговскиот центар во Кочани.

Сопствениците на автомобилите и минувачите беа зачудени и изненадени од пораката, бидејќи сообраќајците казните ги пушуваат на формулар. А и содржината на пораката не упатува на тоа дека ја оставила полицијата.

Во секој случај, пораките го привлекоа вниманието на минувачите во центарот на Кочани, кои застануваа, читаа и заминуваа со коментар, како дополнување на пораката, секој во свој стил.

В.К.