Свет Балкан Стејт департмент: Црна Гора е земја за транзит на дрога

Стејт департмент: Црна Гора е земја за транзит на дрога

Црна Гора е транзитна земја за трговија со дрога кон Западна Европа, а најчесто се шверцува марихуана, хероин и кокаин, соопшти американскиот Стејт депертмент.

Се проценува дека околу 15 отсто од наркотиците завршуваат на црногорскиот илегален пазар.

Во документот на Стејт департментот за спроведување контрола на меѓународниот шверц со дрога, се пофалуваат резултатите на црногорските органи за соработка со американските надлежни служби, како и акцијата во која минатата година беа запленети 250 килограми кокаин, 724 килограми марихуана и повеќе од еден килограм хероин.