Главна секција Стејт департмент: Договорот за добрососедство ќе придонесе за стабилност на регионот

Стејт департмент: Договорот за добрососедство ќе придонесе за стабилност на регионот

Соединетите Американски Држави им честитаат на Македонија и на Бугарија за потпишување на Договорот за добрососедство и за пријателство, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Овој важен, прогресивен договор ги препознава веќе силните врски помеѓу двете земји и отвора врата за уште поблиска соработка, која се проширува и во други области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и за економски развој пошироко во регионот и е охрабрувачки пример за тоа, како разликите помеѓу соседите може да се решат мирно“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Потпишувањето на Договорот вчера го поздравија Европска Унија и Велика Британија.