Хроника Старица починала во пожар во својот дом

Старица починала во пожар во својот дом

Осумдесет и четиригодишна гевгеличанка починала во пожар што вчера попладне избувнал во нејзината куќа во градот, информираат од полицијата.

Станува збор за Донка Д., која, според полициските информации, починала од задушување.

Пожарот, кој избувнал околу 16.40 часот, бил изгаснат, а причините што го предизвикале и материјалната штета надлежните дополнително ќе ги утврдуваат.