Македонија Стари разгледници откриваат заборавени спомени од Македонија

Стари разгледници откриваат заборавени спомени од Македонија

Во јануари 2016 година, Јавната библиотека на Њујорк во јавност објави повеќе од 180.000 дигитализирани предмети. Многу од овие материјали во библиотеката се историски документи што може да се употребат во академски студии, како и да се преземат и да се користат слободно затоа што нивното авторско право е истечено, пишува „Глобал војсис“.

Еден извор од интерес за Европа е колекцијата на германски разгледници од Втората светска војна. Изработени во периодот помеѓу 1914 и 1918 година, овие фотографии не ги документираат само воените аспекти на војната, туку обезбедуваат погледи на места и на луѓе фатени во рамките на виорот.

На разгледницата пишува: „На античка тврдина на Охрид (Македонија). Дел од карпестиот брег на Охридско Езеро. Во заднина, албанските снежни планини“.

Всушност, албанските планини зад фотографот, а не на сликата. Планината во заднина е Галичица, која денес е национален парк.

Германски војници во скопските приградски населби во куќи на локалните етнички Албанци.

Етничката разновидност прикажана преку различни облеки на пазарот во Скопје за време на Првата светска војна.