Македонија Стаменковска: СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството

Стаменковска: СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството

СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“ за да има целосна контрола, изјави денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ

Таа додаде дека „безобразно“ е сега Зоран Заев да го предлага лустрираниот Љубомир Фрчковски за реформатор на судството, исто како што е „безобразно“ на претседателот на комисијата за политички систем на СДС, Маргарита Цаца Николовска да ѝ се даде овластување да го реформира судството по теркот на Заев.

– Во фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа боја врз државните институции.  Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд, како претставник на браншата. Овој совет на СДС има цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев – додаде Стаменковска.