Економија ССМ: Синдикалната кошничка за август изнесува 49.345 денари

ССМ: Синдикалната кошничка за август изнесува 49.345 денари

Минималната кошница е зголемена од претходниот месец јули за 725 денари, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Фото: Image by Marco Pomella from Pixabay

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49.345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тоа значи дека толку пари му биле потребни на четиричлено домаќинство за да може нормално да функционира во текот на месецот.

Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јули за 725 денари.

„Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто“, оценува Сојузот.