Свет Балкан Српските цариници заплениле 602.680 непријавени евра

Српските цариници заплениле 602.680 непријавени евра

Српските цариници и полицијата на граничниот премиер Батровци при претрес откриле повеќе од 602.680 евра, непријавени финансиски средства.

Како што јавуваат српските медиуми, парите биле скриени во специјално изработен бункер под задното седиште на автомобил „ауди А4“, со холандски регистарски ознаки, со кој патувале двајца турски државјани од Холандија за Турција.