Свет Балкан Српскиот генералштаб со предлог до Вучиќ за воведување задолжителен воен рок

Српскиот генералштаб со предлог до Вучиќ за воведување задолжителен воен рок

Можноста за воведување на задолжителен воен рок неодамна ја најави и српскиот министер за одбрана во техничкиот мандат Милош Вучевиќ

Извор: Alexmilt na Wikipedia na Srpski - Prebačeno s sr.wikipedia na Zajednički poslužitelj Prebacio suradnik Micki rabeći CommonsHelper., CC BY 3.0 rs, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=15793881

Генералштабот на српските вооружени сили му достави предлог на претседателот Александар Вучиќ за повторно воведување на задолжителниот воен рок во Србија во траење од четири месеци, пренесува весникот Данас. 

Оваа информација денеска ја соопшти српското Министерство за одбрана, а ваквиот чекор би бил „со цел да се подигне одбранбената способност на српската војска преку подмладување и унапредување на пополнетоста и обученоста на активниот и резервниот состав“.

Како што се наведува во соопштението, предлогот на српскиот генералштаб доаѓа по деталното разгледување на општата безбедносна состојба и современите предизвици со кои се соочува Србија како воено неутрална земја, кои „наметнале потреба за прилагодување на моделот за пополнување на војската, а кој би овозможил јакнење на вкупниот регрутен потенцијал и оспособување на поголемиот дел од граѓаните за одбрана на земјата“.

Можноста за воведување на задолжителен воен рок неодамна ја најави и српскиот министер за одбрана во техничкиот мандат Милош Вучевиќ.