Македонија „Средношколски пленум“ продолжува со бојкот

„Средношколски пленум“ продолжува со бојкот

„Средношколски пленум“ ја демантира информацијата објавена во некои медиуми дека средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата.

– Не е точна информацијата дека го прекинуваме бојкотот  на наставата. Бојкотот продолжува како и досега, а за сите наредни активности навремено ќе ја известиме јавноста. Имаме притисоци, но не се откажуваме од борбата за подобро образование – вели Моника Пешевска од „Средношколски пленум“.

Таа додава дека и информацијата дека ќе има марш в понеделник не е точна, но не ја исклучува можноста повторно да има протести.