Македонија „Средношколски пленум“ повикан на разговор во МОН

„Средношколски пленум“ повикан на разговор во МОН

Тројца претставници на „Средношколски пленум“ се поканети на средба во МОН, само еден час откако почнаа со поставување на кампот пред зградата во која е сместено ресорното министерство, објави „Радио МОФ“.

Како што изјави Александар Милевски од „Средношколски пленум“ за „Радио МОФ“, телефонски биле повикани од кабинетот на заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Среношколците велат дека со оглед на тоа што е закажана средба, можно е да повикаат на завршување на бојкотот, но најавуваат дека кампувањето ќе продолжи до исполнување на барањата.