Македонија Спасовски – Хојт Ји: Сите треба да се воздржат од креирање вештачки...

Спасовски – Хојт Ји: Сите треба да се воздржат од креирање вештачки сценарија

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменикот помошник државен секретар за Европа и за Азија во американскиот Стејт департмент.

Злоупотребата на етничките и на верските симболи, која е актуелна деновиве, може да имаат не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопаат процесите за фер, слободни и демократски избори. Сите субјекти треба да се воздржат од креирање вештачки сценарија со кои се добиваат евтини политички поени на сметка на безбедноста и на сигурноста на граѓаните, било констатирано на средбата.