Македонија Средба на Заев со амбасадорката на Австралија

Средба на Заев со амбасадорката на Австралија

Недостиг од минимум демократски капацитет на институциите, преклопувањето на државата и на партијата и загрозената слобода на изразување биле главите теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорот на Австралија за Македонија, Јулија Фини, соопштуваат од партијата.

На средбата Заев бил придружуван од претседателот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Виктор Габер.

Претседателот на најголемата опозициска партија истакнал дека миграцијата на младите поради големата невработеност и назадувањето на земјата во евроатлантските интеграции се само некои од показателите дека Македонија во последните години се оддалечила од вистинскиот пат.

„СДСМ останува цврсто на ставот дека враќањето на демократијата и на слободата се основа за враќање на државата во нормален колосек и дека преку разговори за петте теми што ги предложи опозицијата се можен излез од политичката криза по нерегуларните избори“, стои во соопштението од СДСМ.