Свет Европа Средба на министрите за одбрана на НАТО-членките

Средба на министрите за одбрана на НАТО-членките

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска и утре во Брисел ќе разгледаат планови за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа.

За време на средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО на Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и за одговор на хибридни закани. Ќе се одржи и нова седница на комисијата Грузија – НАТО.

Европската комисија вчера изрази поддршка за идејата на НАТО да се вклучи во пограничното обезбедување на Егејско Море.

Комисијата очекува дека со тоа ќе се придонесе за спасување на што е можно повеќе човечки животи.

– ЕК ги следи изјавите околу заложбите на НАТО во врска со прашањето за миграцијата во Егејско Море –  изјави на прес-конференција портпаролот на комисијата, Маргаритис Скинас.