Свет Балкан Србија продава тенкови, пушки, пиштоли…

Србија продава тенкови, пушки, пиштоли…

Повеќе од 480 тенкови и хаубици, 220 оклопни возила, преку 20.000 пушки и пиштоли планира да продаде Министерството за одбрана на Србија.

Според министерството, се планира продажба на 282 тенкови Т-55 и околу 220 оклопни транспортери M-60, M-80, BTR-50 и BTR-60 и противоклопни орудија POLO, како и 200 хаубици од 105 и од 155 милиметри.

Ќе се понудат на продажба и околу 16.700 пиштоли со калибар од 7,65 милимиетри, околу 3.500 автоматски пушки М-70, 120.000 тромблонски мини и околу 1.500 ракети.

Се продаваат и повеќе од 1.100 противавионски топови од 20 и од 30 милиметри, 5.400 рачни фрлачи на ракети, минофрчали и безтрзајни топови, како и 26 повеќецевни лансери на ракети М-63.

На продажба се и три радари SNAR-10 и 140.000 парчиња разна муниција.

Право на учество имаат правните лица кои имаат законско право да се јават на ваков тендер, стои во соопштението на министерството.