Свет Балкан Србија нема да се откаже од мерките за штедење

Србија нема да се откаже од мерките за штедење

Србија нема да се откаже од мерките за штедење бидејќи во спротивен случај бргу би се исправиле пред грчко или аргентинско сценарио, истакна српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека првпат направивме сериозен план и програма. Планот и програмата, на кои деноноќно работиме со месеци, беа одобрени од страна на ММФ и поддржани и од Светската банка, ЕУ, како и од претседателот на Русија, Владимир Путин –  истакна Вучиќ.