Свет Балкан Србија: Двајца загинати при уривање на спортски авион

Србија: Двајца загинати при уривање на спортски авион

Две лица загинаа откако двомоторен спортски авион од типот „цесна 310“ се урна на аеродромот „Ечка“, во близина на српскиот град Зрењанин.

Засега не се знае причината за уривањето на авионот, а полицијата работи на расветлување на несреќата.

Како што јавуваат српските медиуми, во авионот имало две лица, инструктор за летање и курсист.