Македонија СПЦ ја замени БЈРМ со Р. Македонија во новото соопштение

СПЦ ја замени БЈРМ со Р. Македонија во новото соопштение

Во новото, дополнето соопштение на Српската православна црква за посетата на рускиот митрополит Иларион на Скопје, БЈРМ е заменето со Р.Македонија, но за Македонската православна црква-Охридска архиепископија сè уште се користат термините „самопрогласена“ и „неканонска“.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по посетата на митропилитот Иларион, соопшти дека ја прифаќа иницијативата на Руската православна црква да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква и побара од македонските власти милост за поранешниот митрополит Јован Вранишковски заради, како што беше наведено, повисоки цели.

Г. Иларион во Скопје се сретна со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.