Свет Спротивни информации за падот на руските ракети во Иран

Спротивни информации за падот на руските ракети во Иран

Четири руски крстосувачки ракети испукани кон Сирија, паднале на иранско тло, изјави неименуван американски претставник. Тој не соопшти дали ракетите предизвикале штета ниту, пак, изнесе детали за тоа каде паднале.

Русија веднаш ја демантираше информацијата.

– Секој експерт знае дека во текот на таквите операции точно се одредува метата пред и по нападот. Сите наши ракети ги погодиле своите мети – рече портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.