Македонија АРМ за една година спречила 20.000 обиди за нелегален премин на јужната...

АРМ за една година спречила 20.000 обиди за нелегален премин на јужната граница

Единаесет мигранти, од кои шест биле деца, биле спречени од припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во обидот нелегално да ја преминат јужната македонска граница во близина на браната Паљурци, соопштуваат од АРМ.

Настанот се случил рано утринава, а акцијата била спроведена од баталјонот на воената полиција на АРМ. Мигрантите биле превезувани со возила управувани од македонски државјани.

По акцијата на воената полиција, возачите, возилата и мигратите биле предадени на полицијата, во чија надлежност е понатамошната постапка.

Припадниците на АРМ, како што стои во соопштението, во период од повеќе од една година, колку што вршат набљудување, патролирање и извидување во реонот на јужната граница, спречиле повеќе од 20.000 обиди за нелегален премин на државната граница.