Економија Според личната потрошувачка, Македонците се меѓу најсиромашните на Балканот

Според личната потрошувачка, Македонците се меѓу најсиромашните на Балканот

Македонските граѓани се меѓу најсиромашните во Европа, покажуваат податоците на Евростат за личната потрошувачка, со која се мери благосостојбата на домаќинствата.

Според првата процена за минатата година, реалната лична потрошувачка во земјите-членки на ЕУ се движи во распон од 49 до 140 проценти од просекот на Унијата, изразен преку стандардот за куповна моќ.

Во Македонија личната потрошувачка е 40 проценти од европскиот просек и со тоа нашата земја е меѓу најсиромашните. Според куповната моќ, зад нас се само Албанија и БИХ.

Најсиромашна членка на ЕУ е Бугарија, која е со 49 проценти од просекот од Европската унија.

Најголем стандард има Луксембург, каде потрошувачката со 40 проценти ја надминува просечната, а потоа се Германија и Австрија каде личната потрошувачка е 20 проценти поголема од просекот.