Култура Списанието „Стожер“ на веб-страницата на ДПМ

Списанието „Стожер“ на веб-страницата на ДПМ

Покрај литературните остварувања, списанието донесува и хроника со информации за актуелните активности

Новиот број на книжевната ревија „Стожер“ е поставен на веб-страницата на Друштвото на писателите на Македонија, www.dpm-pisateli.mk.

„Со ова, љубителите на литературата го добиваат во електронска форма 119. број на книжевниот гласник на Друштвото на писатели на Македонија, кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука“, соопштија од ДПМ.

Застапени се прилози од домашни и од странски писатели од различни генерации, меѓу кои: Вера Чејковска, Владимир Костов, Сергеј Главјук, Братислав Ташковски, Соња Стојменска-Елзесер, Петре Димовски, Пабло Неруда, Мирјана Стојановска, Благој Самоников, Јусуф Едип, Олга Панкина, Кире Неделковски и Санде Стојчевски.

Покрај литературните остварувања, списанието донесува и хроника со информации за актуелните активности и за настаните што ги организира Друштвото на писателите на Македонија.