Галерија Специјалци ги спречија демонстрантите за Нешковски да влезат во Владата

Специјалци ги спречија демонстрантите за Нешковски да влезат во Владата

Група граѓани, извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „оставка“, „ќе одговарате“ и друго, протестираат пред Владата револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Тие го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата.

Специјални полициски единици моментално го блокираа влезот кон владата, за групата демонстранти да не може да влезе внатре.

На протестот присутен е и Александар, братот на убиениот Мартин Нешковски, а се пуштаат и аудиоснимките од денешната „бомба“, посветена токму на неговото убиство.

Сè повеќе граѓани се собираат пред Владата, а на протестот пристигаат и дополнителни полициски сили.

На новинарите кои известуваа од прес-конфренцијата на министерката Гордана Јанкулоска не им беше дозволено да излезат од главниот влез, туку беа принудени да си одат преку подземната гаража.