Свет Европа Специјално издание на „Шарли ебдо“ на годишнината од масакрот

Специјално издание на „Шарли ебдо“ на годишнината од масакрот

Францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ соопшти дека на првата годишнина од масакрот, кој во редакцијата го изведоа џихадистите и усмртија 12 лица, ќе објави специјално издание во еден милион примероци.

Изданието со 32 страници, кое ќе биде објавено на 6 јануари, ќе содржи цртежи од карикатуристите што беа убиени за време на нападот, како и цртежи од сегашните карикатуристи.

Двајца браќа, исламисти, во јануари минатата година упаднаа во редакцијата на „Шарли едбо“ и убија 12 лица поради карикатурите на пророкот Мухамед објавени во провокативниот неделник.

Првиот број по масакрот, објавен на 7 јануари 2015 година, беше продаден во рекордни 7,5 милиони примероци во светот.

Во „Шарли ебдо“ велат дека веќе добиле голем број порачки за новото специјално издание, не само од Франција, туку и од странство, вклучувајќи и 50.000 примероци што ќе се продаваат во Германија.

Во моментов магазинот се продава во околу 100.000 примероци во Франција и во 10.000 парчиња во низ светот.