Македонија Спасовски: Во акцијата во кафулињата воопшто не беше употребена сила

Спасовски: Во акцијата во кафулињата воопшто не беше употребена сила

Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил во врска со акцијата што беше спроведена во саботата во угостителски објекти, при што беа приведени неколку лица.

Тој ги повика граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата. Вели дека во акцијата се откриени и гости со нелегално оружје и со наркотични средства, а ги нападнале полицајците.