Македонија Спасовски: Полицијата при приведувањето на пратениците постапила законски

Спасовски: Полицијата при приведувањето на пратениците постапила законски

Полицијата при приведувањето на пратениците на 28 ноември во врска со настаните во Собранието од 27 април постапувала врз основа на наредба издадена од Судот и полицајците постапиле согласно законските овластувања, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ова следува по прашањето на Народниот правобранител, Иџет Мемети, дали ќе има командна одговорност поради приведување на тројца пратеници и повреда на пратенички имунитет.

Спасовски вели дека се повикува на законот, а не на правилникот, бидејќи законот е повисок акт од правилникот и не може правилник да дероргира Закон или Устав.