Македонија Спасовски – Десир: Новинарите мора да се чувствуваат безбедни и слободни

Спасовски – Десир: Новинарите мора да се чувствуваат безбедни и слободни

Медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа, заклучија на денешната средба министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Харлем Десир.

„Спасовски ја потенцираше соработката на МВР со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја истакна посветеноста на Министерството за внатрешни работи за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари кои се случија во минатото“, стои во соопштението.

Министерот, на средбата го запознал Десир со реформите во МВР и со мерките кои се преземаат за целосно да се врати довербата на граѓаните во полицијата. Двајцата соговорници се согласиле за интензивирање на соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ.