Видео Спасено дете од авионот што се урна во Тајван

Спасено дете од авионот што се урна во Тајван

Од авионот на „Транс Азија ерлајнс“, што денеска се урна во реката Кеелунг на северот на Тајван, спасувачите извлекле 15 лица кои го преживеале падот, а меѓу нив и едногодишно дете.

Видеоснимка од местото на несреќата покажува како од остатоците на авионот го извлекуваат детето, го ставаат во чамец за спасување и го возат на брегот, каде  го преземаат вработените во Итната помош.

Во авионот имало 53 патници и пет членови на екипажот, од кои тројца пилоти. Загинале 23 лица, а 20 се водат како исчезнати. Како пилотот ја изгубил контролата над авионот, надлежните органи истражуваат.