Македонија Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

Спасени три лица од водите на Дојранското Езеро

Три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утрово е извршено спасување на три лица, кои поради невремето изгубиле контрола над чамец во Дојранското Езеро.

Дојавата била примена утрово во 8:30 часот во СВР-Струмица, од страна на граѓанин. Тој кажал дека три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот.

На интервенција бил испратен патролниот тим, којшто ги спасил трите лица и ги довезол до езерскиот брег.