Свет Балкан Спасени 830 бегалци во Егејско Море

Спасени 830 бегалци во Егејско Море

Вкупно 830 лица се спасени во последните 24 часа во Егејско Море, соопшти грчката крајбрежна стража.

Грчките медиуми јавуваат дека спасувачките операции се изведени во близина на грчките острови Агатониси, Лезбос, Киос, Кос и Самос.