Свет Европа Спасени 44 мигранти од два чамци кај брегот на Шпанија

Спасени 44 мигранти од два чамци кај брегот на Шпанија

Шпанската служба за спасување на море соопшти дека се спасени 44 мигранти, кои се обидувале со два преполни мали чамци да го преминат Средоземно Море и да стигнат до Европа.

Како што соопштија шпанските служби, 25 мигранти се спасени утринава, пред зори, додека другите 19 се извлечени од друг брод неколку часа подоцна. Нема повредени мигранти.

Мигрантите во текот на изминатата ноќ биле забележани од бродови кои минувале во близина на југоисточниот брег на Шпанија.