Македонија Советот за родова рамноправност бара да има најмалку 40 проценти жени на...

Советот за родова рамноправност бара да има најмалку 40 проценти жени на изборните листи

Националниот совет за родова рамноправност до лидерите, органите и до телата на политичките партии испрати отворено писмо преку кое апелира за целосно почитување на Законот за еднакви можности и на Законот за избор на пратеници, со кој е загарантирана квотата од 40 проценти застапеност на жените на кандидатските листи.

Од советот потсетуваат на тоа дека рамноправноста и еднаквите можности за сите ги одбележува партиите и државата како демократски или недемократски.

„Националниот совет за родова рамноправност како женска организација и мрежа која 24 години работи на родовата рамноправност и еднаква застапеност на жените во сите одлучувачки структури, ви дава целосна поддршка за почитување на квотата од 40 проценти и избрани парламентарки на вонредните парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година“, стои во отвореното писмо на Националниот совет за родова рамноправност.