Македонија Советот за безбедност ја разгледа информацијата за стратешки набавки во Армијата

Советот за безбедност ја разгледа информацијата за стратешки набавки во Армијата

Совет за безбедност фото: Кабинет на претседателот

Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и геостратегиска положба.

Toa го соопштија од Кабинетот на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, каде денеска се одржа одржа 11-та редовна седница на Советот за безбедност, со една точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

На седницата беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО“, соопштија од Кабинетот.

На денешната седница што ја свика шефот на државата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.