Свет Балкан Советот на ЕУ ја одблокира спогодбата за стабилизација со БИХ

Советот на ЕУ ја одблокира спогодбата за стабилизација со БИХ

Советот на Европска унија ја одблокира Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина. Активацијата на спогодбата значи деблокирање на европскиот пат за БИХ, што ќе зависи од напредокот во спроведувањето на реформите во наредните месеци, порачуваат од ЕУ.

Како приоритет се издвојуваат реформите во здравството, образованието и реформите во социјалниот сектор, воспоставување функционална пазарна економија, воспоставување правна држава и зајакнување на административните капацитети, за да се зголеми ефикасноста на институциите на сите нивоа.

Воспоставувањето ефикасен механизам за координација останува клучно за успешна интеракција за идно членство.