Дописници Сопствениците на шуми на состанок во Штип

Сопствениците на шуми на состанок во Штип

Можноста за добивање државна поддршка преку субвенции за подигнување и за одржување шуми, како и актуелните проблеми со добивање дозволи за сечење од сопствените шуми е тема на состанокот што за попладнево е закажан во Штип. Се очекува присуство на надлежните од ЈП „Македонски шуми“, здруженијата на сопственици на шуми и поединци што поседуваат шуми.

Со новите законски измени, донесени кон крајот на 2014 година, сопствениците на шуми може да добијат до 120.000 денари државна помош за инвестиции, која треба да ја комбинараат со сопствено финансирање.