Економија Сопственикот на „ФЕНИ Индустрис“ уапсен во Израел поради перење пари

Сопственикот на „ФЕНИ Индустрис“ уапсен во Израел поради перење пари

Милијардерот Бенјамин Штајнмец кој е сопственик на низа компании на Балканот и за кого романските власти имаа распишано потерница е уапсен во понеделникот во Тел Авив за наводно перење пари.

Штајнмец е сопственик на компанијата „Кјунико Рисорсис“ која работи на производство на феро-никел и која е активна во Македонија и во Косово, односно е сопственик на „Фени Индастрис“ во Кавадарци.

Како што пренесуваат израелските медиуми Штајнмец, заедно со уште тројца бизнисмени бил приведен за испрашување поради потпишување на лажни договори преку кои се переле пари поврзани со копање руда во африканската држава Гвинеја.

Сите уапсени се товарат за корупција во која се инволвирани високи романски претставници, а во моментов им се суди во отсуство во Романија.