Македонија Сообраќајот кај Судска палата во Скопје ноќва ќе биде пренасочен поради градежни...

Сообраќајот кај Судска палата во Скопје ноќва ќе биде пренасочен поради градежни активности

Грб на Град Скопје во салата на Советот на градот | Фото: Град Скопје, 2017 година

Град Скопје извести дека од вечерва во 22 часот до 5 часот утре наутро, поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна).

Додека екипите ќе работат на терен, сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј
13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите.