Македонија Сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозите. Поради ниска температура, можна е појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Жировница – Дебар – Струга е сè уште на сила.