Македонија Сообраќајот се одвива во зимски услови, снежна покривка има во Крушево и...

Сообраќајот се одвива во зимски услови, снежна покривка има во Крушево и во Маврово

Сообраќајот во државата се одвива во зимски услови по влажни коловози. Слаби врнежи од снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Маврово, планинскиот превој Плетвар, Штип и во Делчево, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Снежна покривка е формирана во Крушево од 8 сантиметри, во Маврово – 9 сантиметри и во Лазарополе – 11 сантиметри.

Најстудено утрово било во Лазарополе, каде се измерени минус 9 Целзиусови степени, и во Маврово со минус 6 Целзиусови степени.