Македонија Сообраќајот се одвива по влажни коловози со магла на некои патни правци

Сообраќајот се одвива по влажни коловози со магла на некои патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Видливоста поради магла е намалена од 50 до 100 метри на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.