Македонија Сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниската температура, во утринските часови се забележува појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата. Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар – Струга, како и на планинските премини Стража, Буково и Пресека. Забраната за движење на планинскиот премин Пресека важи и за автобуси.

Авто-мото сојузот на Македонија препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниска температура можна е појава на голомразица.

Од сојузот предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.