Македонија Сообраќајот Кичево – Охрид ќе биде во прекин еден час

Сообраќајот Кичево – Охрид ќе биде во прекин еден час

Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјане, денеска од 15 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин.

Прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи –минирање, бидејќи е во тек изградбата на автопатот до Охрид.