Дописници Сообраќајната сигнализација во Тетово не функционира

Сообраќајната сигнализација во Тетово не функционира

Семафорите на булеварите Благоја Тоска и Индустриска во Тетово постојано се во дефект. Во делови од Тетово недостига и хоризонтална сигнализација.

Граѓаните реагираат дека вакви пропусти ја доведуваат во прашање безбедноста на пешаците и на возачите.

– Секоја недела се расипуваат семафорите. Тоа создава голем метеж низ градот и не се чувствуваме безбедни. Нема доволно обележани пешачки премини, затоа и често се случуваат сообраќајки со повредени пешаци – изјави еден пешак.

Од Општина Тетово велат дека семафорите се стари повеќе децении, затоа се постојано во дефект.

– Се случува да се интервенира на семафор и да биде отстранет дефектот, но утредента повторно да не работи оваа светлосна сигнализација. Тие се стари, би било добро да се постават нови семафори, но недостигаат финансии – изјави Хусеин Демири, раководител на секторот за сообраќај при Општина Тетово.

Демири додава дека има отворено тендер и наскоро во целиот град ќе се интервенира на хоризонталната сигнализација за да се нормализира протекот на сообраќај во градот.